Завршува една ротаријанска година – исполнета со посветеност, заедништво и конкретни резултати!
Ротаријанската 2024/2025 година за Ротари клуб Скопје Центар беше година на многу успешно реализирани проекти, продлабочени партнерства и нова енергија за идни предизвици.
Годината ја одбележа успешно организираниот Економски форум, кој собра рекорден број учесници, отворајќи важна тема за економскиот развој и креирање поодржливо општество.
Инициравме два нови проекти насочени кон младите, кои обезбедуваат поддршка за нивно образование, личен развој и активно вклучување во заедницата.
Создадовме партнерства со институции и организации за поддршка на ранливите категории граѓани, преку конкретни активности и ресурси со долгорочно влијание.
На свеченото примопредавање на инсигнијата, клубот доби и два нови членови – ентузијасти со желба да придонесат и да ја збогатат ротаријанската мисија.
Во рамки на настанот беа доделени и признанија на најактивните членови, кои со својата посветеност, иницијативност и поддршка придонесоа за успешна реализација на годишната агенда на клубот. Нивниот ангажман е пример за ротаријанскиот дух во дело.
Голема благодарност до нашата претседателка Искра Ветаџокоска за инспиративното водство, визијата и посветеноста.
Со ист ентузијазам го поздравуваме новиот претседател Јордан Дамчески, во кого гледаме продолжение на стабилното и успешно лидерство.
Продолжуваме со уште посилен мотив: да бидеме двигатели на позитивни промени – таму каде што е најпотребно.









