Ротари клуб Скопје Центар на средба со Претседателката на Ротари Интернационал. ![]()
Нашата претседателка, Искра Ветаџоковска, заедно со нашиот член Милош Радуловиќ, имаше чест да присуствува на инспиративна средба со Претседателката на Ротари Интернационал, Стефани Урчик.
На настанот беа присутни и Гувернерот на Ротари дистрикт 1912 – Словенија и Северна Македонија, Мирослав Штравс, како и Директорот на Ротари Интернационал, Даниел Танасе. Средбата беше збогатена со присуство на бројни претставници од Ротари заедницата во нашата земја.
Се разговараше за идни активности, можности за поддршка и корисни насоки за локално делување, инспирирани од глобалните цели на Ротари. ![]()
Споделивме искуства, визии и идеи – како дел од мрежа од над 1.2 милиони членови ширум светот кои се обединети во желбата да предизвикаат позитивни промени во своите заедници. ![]()






