Skip to content
Home » Blog » Нов проект

Нов проект

🔹 Продуктивен состанок исполнет со инспирација и нови можности🔹 На последниот редовен состанок на Ротари клуб Скопје Центар заедно со Ротаракт клубот Скопје Центар имавме чест да ја угостиме проф. Зорка Тодорова Младеновиќ, истакната професорка по моден дизајн, која ни ја доближи важноста на едукацијата во оваа креативна област 😊.

Со уште поголемо задоволство го најавуваме почетокот на нашиот нов проект – поддршка за издавање на првиот учебник за моден дизајн во нашата земја! 💫

Благодарејќи на врвното искуство собрано од париските модни школи и на силниот ентузијазам, проф. Зорка Тодорова Младеновиќ подготви материјал за издавање на учебник со наслов ,,Историја на облеката и модата од праисторија до денес,, 📖.

Ротари клуб Скопје центар како горд поддржувач на образовните процеси и на напредокот на општеството 🚀 заедно со своите пријатели ќе обезбеди финансиска поддршка за издавање на овој вреден и уникатен едукативен материјал 🙌.

Остануваме посветени на создавање позитивни промени во општеството! 🌟

#РотариКлубСкопјеЦентар