ЕКОНОМСКИ ФОРУМ 2025 – Како да ја разбереме и задржиме Генерацијата Z во македонската економија?
Ротари клуб Скопје Центар со гордост го организираше традиционалниот Економски форум, кој отвори исклучително важна тема за иднината на македонската економија – улогата, мотивацијата и потенцијалот на Генерацијата Z.
Настанот го поздрави Претседателот на клубот, Јордан Дамчевски, кој ја истакна потребата од системска поддршка и нови модели на соработка меѓу младите, бизнис секторот и образовните институции.
Преку илустративна презентација ги прикажавме алармантните бројки за песимизмот на младите во земјата и вредностите, навиките и очекувањата на оваа генерација која ги редефинира правилата на игра.
А, на динамичната панел-дискусија со истакнати експерти ги отворивме најрелевантните специфики на Gen Z:
![]()
Разбирање на кариерата, авторитетот и работната етика
Пари или смисла? – што навистина ги мотивира младите професионалци
Фриленсерството како тренд – растечки модел што бара нов пристап од компаниите и државата
Може ли Македонија да ја задржи Генерација Z? – конкретни препораки за институциите, бизнисот и заедницата
Искрена благодарност до панелистите за нивната експертиза, енергија и подготвеност да ја споделат својата перспектива.
Голема благодарност и до сите присутни гости кои со своето време, идеи и интерес го збогатија овој форум и ја потврдија важноста на вакви отворени платформи за дијалог.
Со овој настан, Ротари клуб Скопје Центар уште еднаш ја потврдува својата мисија: да поттикнува дебата, да отвора важни економски и општествени прашања и да создава средини што носат нови идеи и решенија за подобра иднина.















