Со голема чест и задоволство, Ротари клуб Скопје Центар го потпиша договорот за издавање на првиот учебник за моден дизајн во Македонија! ![]()
Договорот беше официјално потпишан од претседателката на клубот, Искра Ветаџокоска, авторката проф. Зорка Тодорова Младеновиќ и издавачката куќа Арс Ламина.
Благодарение на своето врвно искуство стекнато на париските модни школи и со огромна пасија за модата, проф. Тодорова Младеновиќ подготви учебник со наслов:
„Историја на облеката и модата: од праисторија до денес“ – прв ваков труд кај нас, кој ќе внесе нови вредности во образованието и модната индустрија.
Како клуб кој постојано вложува во напредок на општеството, со гордост ќе обезбедиме финансиска поддршка за издавање на ова значајно едукативно дело. ![]()



