Skip to content
Home » Blog » Средба со Претседателката на Ротари Интернационал

Средба со Претседателката на Ротари Интернационал

Ротари клуб Скопје Центар на средба со Претседателката на Ротари Интернационал. 😊

Нашата претседателка, Искра Ветаџоковска, заедно со нашиот член Милош Радуловиќ, имаше чест да присуствува на инспиративна средба со Претседателката на Ротари Интернационал, Стефани Урчик.

На настанот беа присутни и Гувернерот на Ротари дистрикт 1912 – Словенија и Северна Македонија, Мирослав Штравс, како и Директорот на Ротари Интернационал, Даниел Танасе. Средбата беше збогатена со присуство на бројни претставници од Ротари заедницата во нашата земја.

Се разговараше за идни активности, можности за поддршка и корисни насоки за локално делување, инспирирани од глобалните цели на Ротари. 🌟

Споделивме искуства, визии и идеи – како дел од мрежа од над 1.2 милиони членови ширум светот кои се обединети во желбата да предизвикаат позитивни промени во своите заедници. 💫