Skip to content
Home » Blog » Средба со амбасадорот на Франција

Средба со амбасадорот на Франција

На последниот состанок на Ротари клуб Скопје Центар имавме исклучителна чест и задоволство да го угостиме амбасадорот на Франција, Неговата екселенција Кристоф Ле Риголер. 🇲🇰🇫🇷

Во пријатна и конструктивна атмосфера разговаравме за повеќе значајни теми:

✔️обновената билатерална економска соработка меѓу двете земји

✔️ активностите на Деловниот клуб

✔️ процесот на евроинтеграција

Голема благодарност на Неговата екселенција за посетата, отворениот дијалог и поддршката.

Ваквите средби се поттик за продлабочување на соработката и градење мостови на пријателство и разбирање.