На последниот состанок на Ротари клуб Скопје Центар имавме особена чест да ни биде гостин Georges A. Bouverot, претседател на RC Bern Christoffel, Швајцарија. ![]()
Разговаравме за начинот на функционирање на Ротари клубовите во Швајцарија, споделувајќи искуства, идеи и инспиративни практики.
Г-динот Bouverot ни ја доближи ротаријанската култура на една друга средина, потсетувајќи нè на заедничките вредности кои не поврзуваат: пријателството, служба над себеси и посветеноста на хуманите цели. ![]()
Ваквите средби се потсетник за глобалниот карактер на Ротари и можноста за меѓусебно учење и поврзување. ![]()




