Имавме чест како Ротари клуб Скопје Центар да присуствуваме на јубилејниот настан по повод 45 години од основањето на Факултетот за ликовна уметност при Универзитетот Св. Кирил и Методиј.
Во инспиративна атмосфера, опкружени со уметност и креативност, ја прославивме оваа значајна годишнина за македонската културна и академска сцена.
Честитки до целиот тим на факултетот, професорите, студентите и сите кои придонесуваат кон уметничкиот развој во нашата земја!
Нека оваа установа продолжи да создава генерации уметници кои ќе ја збогатуваат нашата култура и светската уметничка сцена!




