Skip to content
Home » Blog » Донација на компјутери на Домот за деца без родители „11 Октомври“

Донација на компјутери на Домот за деца без родители „11 Октомври“

🎗️ Ротари клуб Скопје Центар донира компјутери на Домот за деца без родители „11 Октомври“ 🎗️

Со голема радост и посветеност кон заедницата, Ротари клуб Скопје Центар донираше компјутери со врвни перформанси на Домот за деца без родители „11 Октомври“.

Оваа донација ќе им овозможи на децата подобри услови за учење и развој, што е од суштинско значење за нивната иднина. 🚀

Дополнително, со Домот потпишавме Меморандум за соработка, со што ја зацврстуваме нашата посветеност на долгогодишна поддршка и помош. 🤝

Огромна благодарност до нашиот драг член Владимир Соколовски и ревизорската куќа Ernst & Young, кои ја овозможија оваа донација. Нивната несебична поддршка е инспирација за сите нас! 🌟

Заедно можеме да направиме разлика! 💙