Skip to content
Home » Blog » Посета на гувернерот на РК Скопје Центар

Посета на гувернерот на РК Скопје Центар

🌟 Специјален состанок на Ротари клуб Скопје Центар со почитувани гости 🌟.

На последниот состанок имавме чест да ги угостиме гувернерот на Ротари Дистрикт 1912, Мирослав Штавс, и неговиот асистент за Северна Македонија, Елена Панова, координатор на Сојузот на Ротари клубовите од Македонија. 😊

Во топла и инспиративна атмосфера, презентиравме успешни проекти на нашиот клуб, кои се силен доказ за нашата посветеност во поддршката на заедницата и создавањето подобро општество 💫.

Разговаравме за досегашните постигнувања, идните иницијативи и можностите за поголем напредок преку ротаријанската мисија на служба над сопствениот интерес 🤝.

Благодарни сме за поддршката и инспирацијата од нашите гости и со нетрпение очекуваме нови средби и можности за соработка.

#РотариКлубСкопјеЦентар#PeopleOfAction