Со радост ги споделивме празничните моменти со децата згрижени во домот „11 Октомври“.
Членови на Ротари клуб Скопје Центар со многу љубов и внимание подарија новогодишни пакетчиња, исполнети со мали изненадувања кои донесоа големи насмевки.
Нашата цел е секое дете да ја почувствува магијата на празниците и да знае дека не е само.
Нека новата година донесе радост и светлина во животот на сите нас!







