Средба на Ротари клуб Скопје Центар со амбасадорот на Казахстан
На вчерашниот редовен состанок имавме чест да го угостиме амбасадорот на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков.
Импресионирани сме од постигнувањата, економските и интелектуалните потенцијали, како и од политиките и стратегиите за развој и задржување на младите во Казахстан, кои ни ги пренесе амбасадорот Буршаков.
Разговаравме за можности за соработка, размена на искуства и градење мостови помеѓу нашите земји .


